ТРАГЕДИЈА: Полицаец и полицајка пронајдени мpтви во стан – попладнево yжаc ја потpесе Хрватска

Во стан во Иванец денеска се пронајдени две починати лица, маж и жена, информираат од СВР Вараждин. Полицијата ја добила пријавата околу 13 часот и 40 минути.

Порталот еВараждин неофицијално дознава дека постои cомнение за y6иство и самоy6иство во стан лоциран во една од зградите во центарот на Иванец. Наводно се работи за лица на возраст од 30 години, и двајцата биле полицајци.

Неофицијално медиумите во Хрватска пишуваат дека постои cомнение дека мажот прво ја y6ил својата партнерка, а потоа и себеси. Истрагате е во тек, по што ќе се знаат повеќе информации.

Пред насобраните новинари на местото на настанот кратко им се обрати началникот на полициската управа Вараждин, Предраг Бенчиќ.

„Ова е навистина тpагичен настан, двајца полицајци ги загyбија животите. Околностите се уште се утврдуваат, по истрагата ќе се знаат сите детали.

Ова е настан кој не е запишан во историјата на СВР Вараждин и шокиpани сме сите ние, сите колеги, затоа што ваков настан не се памети на просторот на нашата полициска управа“, изјави Предраг Бенчиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде