Алаpм од Германија – со мистериозен виpус заpазени 500 ученици и наставници!

Во Германија, во Лајпциг се појавил нов виpус со кој се заразиле 500 ученици, но и наставници. Виpусот засега е непознат за лекарите и нема многу информациите.

Германските медиуми пренесуваат дека заразените имале различни симптоми, меѓутоа кај најголем дел од нив се истакнувале високата температура и дијареа. Не е во прашање нов сој на коронавирус затоа што направените тестови на сите им биле негативни.

Најмногу заpазени се појавиле во понеделникот, дури 100 нови лица.

„Во случај да има повеќе заразени во една јавна установа за толку краток период може да станува збор за норовирус. Ако некое лице го донесе тој вирус во училиштето потоа истиот лесно ќе се пренесува“, изјави докторот Кристоф Шпехт за германски РТЛ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде