Хит изјава: На пазар им е скапо, а 300-400 евра за надувани усни и јапонски веѓи не им се многу! (видео)

Повозрасна вработена на пазарот во Бања Лука предизвика лавина реакции на социјалните мрежи со својата изјава.

Репортери на босанска телевизија разговараа со присутните на пазарот за цените. Во оваа прилика таа даде изјава која брзо се рашири на социјалните мрежи и стана хит во регионот.

„ Најлоши се оние дами, знаете, со надувани усни и слично. Само викаат „ааа скааапо, скааапо“, а не е скапо кога даваат 300-400 марки да ги надујат усните и за јапонски веѓи и така натаму“, зборува продавачката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде