СЕ ПОСКАПУВА: Угостителските услуги со зголемени цени во април

Цените на угостителските услуги во април годинава се зголемени за 2,5 отсто во споредба со претходниот месец, а пораснале за 9,8 отсто во однос на април 2021 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со март 2022 година зголемување е забележано во групите Храна за 3,2 отсто, Алкохолни пијалаци за 1,4 и Безалкохолни пијалаци за 4,6 отсто.

Цените на угостителските услуги, пак, за периодот јануари – април 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 6,3 отсто, додека во споредба со декември 2021 година пораснале за 4,5 отсто.

Слични вести

Земјоделците и трговците ширум Европската Унија предупредуваат дека конфликтот во Украина може многу брзо да доведе до експлозија на цените на храната

Во Германија најавуваат дека лебот наскоро би можел да чини 10 евра, а во дисконтите „Алди“ минатата недела поскапеле 150 артикли.

Германските фармери истакнуваат дека одредени намирници може целосно да исчезнат од полиците, како сончогледовото масло и џем.

Во многу германски продавници уште во раните утрински часови се разграбува маслиновото масло, а таму каде што може да се најде наместо 1,39 чини 1,79 евра.

И во Хрватска предупредуваат дека пазарот е „подивен“ како резултат на зголемените цени на енергијата и горивата.

Обичниот бел леб во Хрватска би можел да достигне невидена цена од дури 15 куни или околу две евра. Пекарската индустрија е доста загрижена, бидејќи цената на пченицата е на рекордно ниво, а толку брзо се менува што со добавувачите се потпишуваат договори за максимум еден месец.

Никој не може и не сака да гарантира дека цените нема да се променат – вели директорката на „Житозаједница“, Нада Баришиќ.

Трговците, пак, во Австрија наведуваат дека во наредните недели и месеци речиси сите производи за широка потрошувачка ќе поскапат и дека може да се очекува недостиг од храна од животинско потекло.

Во оваа земја се најавува скок на цената на пекарските производи од 10 на 20 отсто.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде