Вонредни вести: Нападнати фудбалерите на Шкупи, има повредени (Видео)

При стигнувањето до стадионот во Тетово нападнати се клубот и играчите на ФК Шкупи, јавува ТВ21.

Спортскиот директор на ФК Скопје тврди дека има повреден фудбалер. На снимката која ја обезбеди ТВ21, се гледа како играч лежи на сред пат.

Инаку, претходно на пунктот Скопје-Тетово полицијата ја врати навивачката група на ФК Шкупи, Шверцерат.

Речиси сите автобуси со навивачи не смеат да одат кон Тетово, каде денеска на градскиот стадион се очекува да се одигра фудбалскиот натпревар меѓу КФ Шкендија и ФК Шкупи.

Новиот македонски фудбалски првак Шкупи ќе игра без поддршка од трибините во Тетово против Шкендија, затоа што полицијата не дозволи гостување на „Градскиот стадион“ во градот под Шара.

Навивачите од Чаир тргнаа кон Тетово да го проследат натпреварот, меѓутоа на првата патарина полициски кордон ги сопре и не им дозволи да го продолжат патот на натпреварот кој не е од големо резултатско значење за „гулабите“ затоа што титулата е веќе решена.

Ривалството меѓу овие два клуба е огромно и се очекуваше присутво на околу илјада фанови на шампионот од Чаир, но по последните случувања сепак станува неизвесно дали воопшто ќе се одигра овој натпревар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде