УРНЕБЕСНО: Ристовски со Васко Жабата им посака добредојде на Бугарите во Македонија

Maкедонската фудбалска репрезентација денес го игра натпреварот против Бугарија кој е последен во Лигата на Нации за оваа сезона.

Во однос на составот со кој започнавме против Грузија во Тбилиси се очекуваат една до две измени, доколку нема некои посебни изненадувања.

Александар Трајковски во Грузија поради температура не се најде во старниот состав и сега се очекува да се врати во првиот тим и тоа како полушпиц зад Миовски и Ристовски кој треба да го започнат и овој дуел.

Елмас така кој беше на оваа позиција во Грузија би се вратил во средниот ред во тандем со Барди, а на клупата ќе се пресели Спировски.

Тројката во одбраната во формацијата 3-5-2 се очекува да биде Зајков, Велковски и Муслиу.

Алиоски е сигурен на левата позиција, додека десно се очекува повторно да стартува Стефан Ашковски, негова алтернатива е Тодороски кој на минатиот натпревар влезе како замена. На голот секако ќе биде Столе Димитриевски.

Стефан Ристовски, капитенот на македонската фудбалска репрезентаци поради повреда ќе го пропушти вечерашниот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија,

но на социјалните мрежи тој испрати порака до Бугарите во која им посака добредојде.

„Добредојдовте во Македонија… сега е наш ред… европски да ве пречекаме“, во позадина со бугарската песна „Васко Жабата“ порача Ристовски преку Инстаграм.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде