БУМ: Реакција на Пандев по изјавата на Милевски

Maкедонската фудбалска репрезентација одигра лоша сезона во Лигата на Нации која ја завршивме со вчерашниот пораз од Бугарија.

Во оваа сезона од Лигата на Нации Македонија го победи само Гибралтар двапати, еднаш ремизиравме со Бугарија и двапати загубивме од Грузија.

Нашата репрезентација седум гола и од нив шест беа против Гибралтар, еден во ремито во Разград со Бугарија.

Милевски на прес-конференција по вчерашниот натпревар изјави:

„Момците покажаа голема желба за победа и немам ништо да им замерам од таа страна. Во овие момци има потенцијал. Се наоѓаме во период на транзиција каде овие млади играчи што доаѓаат мора да добијат минутажа за да бидат конкуренти во квалификациите за ЕВРО 2024.

Мислам дека сме на вистинскиот пат без разлика на сите проблеми што ги имаме, многуте откажувања и натпреварувачката форма. Дали двајца или тројца фудбалери имаат фул минутажа во своите клубови.

Повторно од наш корнер примаме гол. Тоа се моменти на деконцентрација и мислам дека се тоа доаѓа од физичката неподготвеност.

Но, имаме време до март и мислам дека фудбалерите многу повеќе ќе играат и во клубовите“, изјави Боби Милевски.

Горан Пандев очигледно не се сложува со него, па му реагираше на оваа негова изјава со три емонтикони.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде