Ракометниот свет во шоk: По кратко боледување почина еден од најдобрите тренери на сите времиња

Денеска на возраст од 79 години, по тешко боледyвање почина легендарниот шведски тренер Бенгт Јохансон.

Бенгт Јохансон беше поранешен шведски репрезнтативец подоцна селектор.Ја водеше Шведска од 1988 до 2004, а за тоа време освои четири шампионски пехари од ЕШ,

двапати беше светски шампион, а единствено што не успеа да се победи на Олимписки игри, иако три пати играше во финале. 

Јохансон има големо влијание и во денешниот ракомет, затоа што акциите што ги играше неговиот тим влегоа во ракометните учебници.

Репрезентацијата на Шведска која доминираше заедно со Русија, под негова команда играше на осум финалиња на големи натпреварувања по ред!

Има низа од 25 меѓунбародни натпревари без пораз, најдолга низа на освоени медали итн. 

Тимот беше познат како „Бенган Бојс“ , а во него играа Магнус Висландер, Штафан Олсон, Штефан Ловгрен, Љубомир Врањеш, Томас Свенсон, Петер Генцел итн. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде