Публиката на нозе, Тања Савиќ се раcплака: Македонец направи БУМ во шоуто „Никогаш не е доцна“

Македонецот Бобан Цаневски го трогна жирито во емисијата „Nikad nije kasno“ со неговиот настап.

Изведбата на хитот од Здравко Чолиќ, „Kao moja mati“ ја расплака српската пејачка Тања Савиќ, ја крена публиката во студиото на нозе и го разигра водителот Жика Јакшиќ.

По завршувањето на настапот на 45-годишниот Бобан жирикомисијата го дочека со пофални зборови.

„Бобане, јас многу ја сакам Македонија, многу го сакам Скопје. Ти вечерва ме погоди со оваа песна, дури и солзи ми потекоа кога рече: „Кад ти једном срце сломе, не верујеш никоме“.

Доста години имам, доста кустоси имам запознаено, но мислам дека сте најдобриот пејач– кустос кој сум ги запознал“, рече Франо Ласиќ.

„Бобане, ми ја расплака Тања, јас не знам што да ти кажам. Можеби треба да направиме пауза со снимање“, коментираше композиторот Маре.

Долгогодишното настапување по познати ресторани, кафулиња и клубови, не само што му ја има заработено титулата „мајстор за забави“, туку и му го осигура местото во следниот круг на музичкото натпреварување.

Изведбата на Бобан Цаневски започнува од 42.00 минути. Уживајте.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде