„Авионот на судниот ден“ е црвен АЛАPМ за НАТО: Опаcното летало е големата тајна на Русија, а УHИШТУВА СЕ ПРЕД СЕ

„Летечкиот Кремљ“ е огромен авион дизајниран да го заштити претседателот Владимир Путин во случај на нуклеарен напад.

„Летечкиот Кремљ“, познат и како руски „Авион на судниот ден“, требаше да се појави, за прв пат по повеќе од една деценија, на парадата на Денот на победата во Москва во понеделник.

Сепак, огромниот авион дизајниран да го заштити претседателот Владимир Путин во случај на нуклеарен напад е отсутен поради временските услови, според руските официјални лица, и покрај тоа што беше виден како лета ниско над Москва во деновите пред настанот.

Опасниот авион, врвот на военото инженерство од советската ера, требаше да биде придружуван од два борбени авиони МиГ-29, како и бомбардери Ту-96 „Мечка“ и Ту-160 „Бел лебед“, и двата способни да носат нуклеарни боеви глави.

Неговото појавување предизвика незадоволство во меѓународната заедница, бидејќи се сметаше за показател за растечките политички тензии меѓу Русија и Западот.

Додека беснее војната во Украина, се сугерираше дека Путин би можел да го искористи авионот како предупредувачка порака до НАТО и неговите сојузници.

Во април 2022 година, Путин ги оcуди испораките на оpyжје за Киев од Запад, заканувајќи се дека ќе започне „молскавичен“ одговор на која било нација што ќе интервенира во украинската војна.

Аврил Хејнс, началникот на американската разузнавачка служба, исто така во вторникот предупреди дека Путин би можел да се сврти кон нуклеарно оружје доколку поразот во Украина го гледа како критична закана за неговиот режим во Русија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде