Османи се огласи: Познат ставот на Македонија за влегувањето на Финска во НАТО!

Македонија силно ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО и аспирацијата на Шведска и Финска за членство во Алијансата, истакна денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Македонија силно ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО и аспирацијата на Шведска и Финска за членство во Алијансата, истакна денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи пред почетокот на неформалниот министерски состанок на земјите членки на Северноатлантскиот пакт во Берлин.

– Имаме теми од суштинско значење и убеден сум дека сите сојузници ќе покажат единство за сите нив, бидејќи тоа е од клучно значење со оглед на менливата безбедносна состојба.

Македонија, како најнова членка на НАТО, силно ја поддржува политиката на отворени врати, а со тоа и аспирацијата на Шведска и Финска за членство во Алијансата што претставува важен чекор за севкупната евроатлантска безбедност, изјави Османи.

Исто така, нагласи Османи, Западниот Балкан ќе биде неизбежен дел од идната европска безбедносна архитектура.

– На тој начин политиката на отворени врати на НАТО и проширувањето на ЕУ како два главни столба на кои таа се потпира, ќе бидат дел од новиот стратешки концепт, смета министерот Османи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде