Телото на Матеј Периш примено во Сплит: Познато каде и кога ќе биде погpeбaн

Како што дознава „Курир.рс“, ковчегот со посмpтнитe останки на Матеј Периш (27) пристигнал во неговиот роден град Сплит.

Според изворот на „Курир“, ковчегот со телото на трагично зaгинaтиoт млад човек е предаден на гpoбиштaтa Ловринац во Сплит и се наоѓа во капелата.

Се уште не се знае времето на погребот, но се претпоставува дека ќе биде во понеделник – вели соговорникот за „Курир“ и додава дека ковчегот за Сплит тргнал утринава околу пет часот.

Да потсетиме, вчера во црквата Свети Антониј во Белград беше изложен ковчегот со посмртните останки на Матеј од Сплит кој исчезна на 31 декември минатата година, а неговото тело беше пронајдено заглавено под мостот на Ада Хуја во Белград на 18 мај.

Вчера во црквата се собраа голем број граѓани за да го испратат Матеј и да присуствуваат на мисата што ја одржа архиепископот Станислав Хочевар, а му се придружи и српскиот патријарх Порфириј.

Ненад Периш, таткото на Матеј, вчера им се заблагодари на насобраните за сите молитви и сочувство во текот на сите 139 дена од потрагата по неговиот син и им се обрати со зборовите:

„Благодарам Белград за големото срце што ми го подари. Дојде крајот и јас го водам мојот син дома, а нашите срца останаа тука“. После тоа голем број од насобраните се простија од Ненад. Семејството Париш ги замоли сите да го направат погребот во најтесниот круг на семејството и пријателите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде