УБАВИ ВЕСТИ: Тања Кочовска стана баба, објави во свој стил и го откри името! (фото)

Нашата позната актерка Тања Кочовска на својот фејсбук-профил сподели среќна вест дека нејзиниот син Александар, станал татко.

Тања објави слика како лежи пред болницата „Аџибаден Систина“, од среќа што нејзиниот син има потомок, а на другата слика таа е во костум од претстава.

„Да бе дааа… Бабааа. Предраг дедооо. Јоаким се роди“, напиша таа во описот на двете фотографии.

Несомнено, малиот Јоаким веќе има кул баба. Александар е син од првиот брак на Тања Кочовска со актерот Владимир Ендровски – Љац.

Кога Александар се сврши со Моника, тој на романтичен начин го направи тоа. Ја побара за жена во клубот каде што се запознале. „Овде ја запознав, овде ја побарав за жена“, објави Александар минатата година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде