Ќосето после 5 години затвор излезе на прва средба со семејството. Еве како изгледаше тоа

Горан Ангелов – Ќосето осуден е на 15 години затвор поради случувањата во собранието на 27 април  т.н. крвавиот четврток.

Тој после 5 години затвор излезе на прва, емотивна средба со своето семејство. За таа прилика преку изборот на својата маичка испраќа силна порака.

Погледнете како изгледаше првата семејна средба после 5 год.

Откако Ангелов беше осуден на 12 години затвор, во писмо до сопругата Наташа ѝ напиша да не тагува и да се чува.

,,Нате, мојов живот повеќе не ми припаѓа мене. Тој и е завештаен на една друга армасица, понесреќна и посвета од сите нас. Нејзе и припаѓам со цело мое битие, до последна капка крв, до последен здив. Тоа е Македонија. Ќе ми фалите секој момент од денот, секоја секунда, и ти и децата, а и старата.

Сакам сите да знаат, дека не постои таков пишан збор кој може да ја опише мојата почит кон тебе и кон све што правиш за нашето семејство. Чувај се, чувај ми ги децата. Пази ми ја и мајка, тешко и е.

Не тагувај, да знаеш дека и покрај се, мене ми е задоволство да и го посветам мојот живот на Македонија. Чувај ми се, Наташа” , пишува Ангелов во писмото до сопругата и семејството што беше објавено на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде