Македонец се обидел со 5 евра да подмити полицаец па бил yaпсен!

Државјанин на Република Северна Македонија е приведен од страна на косовската полиција, поради обид да поткупи со пет евра полицаец кој му ги прегледувал патните исправи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во дневниот извештај на косовската полиција се наведува дека настанот се случил вчера (вторник, 31 мај), на граничниот премин Вермица/Морина на косовско –албанската граница.

По налог на надлежен обвинител македонскиот државјанин е пуштен да се брани од слобода, додека пасошот му е запленет до завршувањето на судските процедури.

Слична содржина

Уапсен мaж: Правел проблеми, па тргнал да се пресмета со полицаец!

На 24.05.2022 во 04:00 часот во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар е лишен од слобода Ф.С. од село Беловиште, гостиварско.

Како што информира МВР, лицето било приведено затоа што околу 03:50 часот пред казино во Гостивар физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде