ОДЛИЧНА МЕРКА: Парична помош од 12.000 динари ќе добијат сите млади од 16 до 29 години во Србија

Во Србија од денеска почна исплата на парична помош од 100 евра на младите од 16 до 29 години во динарска противредност, јави дописникот на МИА од Белград.

Младите лица се пријавуваа за оваа државна помош преку порталот на Управата за трезор, додека младите кои од порано се имаат пријавено за оваа помош,

и кои досега веќе имаат добиено помош од 100 евра, не мораа повторно да се пријавуваат, а помошта автоматски ќе им биде исплатена.

Министерот за финансии Синиша Мали за ТВ Пинк изјави дека денеска парите ќе бидат уплатени на сметките на 400 000 млади кои аплицирале и

додаде дека на сите млади кои аплицирале за државна поддршка, од кои има повеќе од 1,1 милион, што е за 43 748 повеќе од првиот круг, ќе им бидат исплатени парите во следните три дена.

„Денеска ќе уплатиме на сметките на 400 000 млади луѓе, утре на 400 000, а на останатите задутре“, изјави Мали и потсети дека државата им дава поддршка на граѓаните од 2020 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде