Oд работно место украла накит и го продала за 760 евра

Тетовската полиција расчисти две кражби на златен накит извршени во април годинава во Тетово и тетовско Желино и до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 55-годишната Х.А. од тетовска Палатица.

Таа се сомничи дека во куќа во Желино и стан во Тетово, каде била работно ангажирана, од нивните сопственици украла златен накит, кој го продала во златарница во Тетово за сума од 760 евра.

Таа се сомничи дека во куќа во Желино и стан во Тетово, каде била работно ангажирана, од нивните сопственици украла златен накит, кој го продала во златарница во Тетово за сума од 760 евра.

Слична содржина

БИДЕТЕ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ: Дрски kpиминални банди отсекуваат и кpадат катализатори од паркирани возила

Оперираат навечер среде урбани населби, масовно се крадат катализатори од автомобилите во Скопје, објави Сител телевизија.

Последни вакви случаи се регистрирани во скопската населба Аеродром, каде во една вечер биле украдени десетина катализатори на паркингот кај булеварот АСНОМ.

Сопствениците дознаваат дека се ограбени кога ќе го стартуваат возилото и ќе слушнат ненормална бука од автомобилот.

Потоа,наместо на работа завршуваат на автомеханичар каде и дознаваат за кражбата. Штетата изнесува и по неколку стотици евра во зависност од возилото.

Катализаторот содржи благороден метал, па нејасно е дали крадците ги продаваат како суровина или пак како автодел на црниот пазар.

Катализаторот има функција да ја спречи штетната емисија на гасови кои ги испушта автомобилот, па возило кое работи без овој дел загадува многу повеќе.

Дека нешто не е во ред со автомобилот се забележува бидејќи  од ауспухот излегува црн чад. Митревски вели, вакво возило не би требало да помине на технички за регистрација. 

Катализатори се крадат и во другите градови. Полицијата успеала да сузбие неколку вакви групи, но освен алат за кражба, катализатори не се пронајдени.

Изминатите неколку години крадењето катализатори е тренд не само кај нас туку и во другите земји низ светот. Од нив се заработуваат илјадници евра.

Родијумот како благороден  метал во моментов на берзата чини над 20 000 долари за унца, односно за 28 грама. За разлика од него, златото чини десет пати помалку.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде