Рама советува: Браќа Македонци и Албанци – прифатете!

Албанскиот премиер Еди Рама попладнево се огласи на Твитер, порачувајќи дека последниот француски предлог,

кој е испратен до владата на Северна Македонија, е конечен, како и дека „неговите браќа Македонци и Албанци во Северна Македонија“ треба да го прифатат.

-Последниот француски предлог, кој воедно е и конечен, ѝ дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија!

Им велам на браќата Македонци и Албанци во Северна Македонија: Прифатете!

Извор: Слободен печат

Слична содржина

Ковачевски само што се огласи за францускиот предлог и испрати јасна порака!

Премиерот Димитар Ковачевски само што се огласи по повод францускиот предлог и неговото обраќање ви го пренесуваме во целост:

Денес до Владата од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови во однос на спорот со Република Бугарија.

Овој предлог, при чие изготвување се земени предвид нашите позиции и барања, ќе биде ставен на широк консултативен процес.

Консулатции во следните денови ќе се прават во Владата, со политичките партии, со Претседателот на државата,

Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. По овие консултации ќе се донесе одлука во однос на предлогот.

Како што ветивме и наспроти шпекулациите на опозицијата, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички согласно стратешките интереси на земјата и на сите наши граѓани.

Упатувам благодарност до Претседателот Макрон и Француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде