УБАВИ ВЕСТИ: Се зголемува повратот на ДДВ – еве колку ќе изнесува!

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска денеска информира дека во наредниот период координирано со министерот за финансии, ќе поднесат предлог-измена на Законот за враќање на дел од ДДВ-то за физичките лица.

-Мерката „Мој ДДВ“ слави трет роденден. Со повратокот на дел од данокот на додадена вредност кај граѓаните вративме 4,2 милијарди денари.

Измената на Законот е со цел од наредната година од 1-ви јануари 2023 година, да се зголеми лимитот на повратот на ДДВ.

Граѓаните наместо 1800 денари за тримесечје, да можат да добијат максимални 2100 денари за скенираните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“.

Со ова даваме дополнителен стимул и кај граѓаните и кај компаниите, објасни Лукаревска.

Извор: Локално

Слична содржина

УЈП со ВАЖНО соопштение: Од денеска маркетите треба да издаваат фискална со даночна стапка од 0% за следниве продукти!

Од денес основните производи се продаваат со 0% ДДВ.

„Би требало да има целосно намалување на делот на ДДВ-то за основните прехранбени производи, затоа би сакал да ги повикам и граѓаните да

купуваат со фискални сметки заради тоа што таму може да видат дали трговците или пак маркетите ја применуваат мерката“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип – 400, млеко со масленост од 2 проценти, од 3,2 и 3,5  проценти масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца ќе мора најдоцна до денес да ги прилагодат фискалните апарати.

Како што информираат од Управата за јавни приходи, ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат погореспоменатите производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0 проценти, односно со ознака „Г“ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност.

„Законската обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со кои се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за основните производи за исхрана.

Апелираме до сите навремено да ги прилагодат фискалните апарати“, велат од УЈП.

Оваа одлука ќе трае до 31 мај 2022 година. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде