Уште една трагедија на македонските патишта: Во сообраќајка загина 24-годишно момче

Денеска во раните утрински часови односно во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево,

патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот.

Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје,

каде на здобиените повреди подлегнал сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди.

Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, соопштија надлежните.


Слична содржина

Тринаесет лица се повредени во директен cудир на две патнички возила со струмички регистарски ознаки, што се случил вчера попладнето во 16:20 часот на патот Струмица-Валандово, на превојот Валандовски Рид.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека имало повеќе повредени лица кои се пренесени на лекyвање во болницата во Струмица. Таа за утре најави повеќе детали за сообраќајката.

Според информациите од директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, едно дете на шестгодишна возраст и една жена се со потешки повреди и се пренесени на понатамошно лекување во Клиничкиот центар во Скопје, додека останатите се со полесни повреди и се на лекување во Струмица.

Во извлекувањето на повредените учествувало и противпожарно возило, а екипа на полицијата извршила увид.

Заради несреќата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин повеќе од еден час.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде