Корона бум во Албанија: ОГРОМЕН број нови случаи во последното деноноќие

По повеќе месеци, во Албанија во последното деноноќие се регистрирани над илјада нови случаи на зараза со коронавирусот, соопштија здравствените власти.

„Од направениот 2221 тест, позитивен бил 1.001, што е над 45 отсто од тестираните. Во списокот на оздравени се внесени 687, а починале двајца пациенти на 63 и 76-годишна возраст“, пишува во соопштението од Министерството за здравство и социјална заштита.

Во земјата во моментов има 5.644 заразени, а во болница е 31 пациент.

Бројот на нови случаи почна да расте на почетокот на месецов, од кога во просек дневно имаше по околу 700 новозаразени.

Во земјата веќе се дава четвртата доза на вакцината против ковид, но според надлежните, речиси воопшто нема интерес за имунизација.

Извор: Слободен печат

Слична содржина

Бројките вртоглаво растат: Објавена денешната ковид статистика

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.129 тестови, а регистрирани се нови 355 случаи со КОВИД-19 и 145 оздравени пациенти.

Од вкупниот број на позитивни (355), регистрирани се 89 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (75г), починат во болнички услови.

Согласно регистарот на yмрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ регистрирано е едно починато лице од Струга (78г), починат во домашни услови на ден 30.06.2022, соопшти Министерството за здравство.

Од 355 новозаболени од Скопје се 156, Охрид – 32, Битола – 29, Кавадарци – 28, Куманово – 19, Велес – 18, Прилеп – 10, Тетово – 9, Струмица и Кочани – по 6,

Гостивар – 5, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Валандово – по 4, Струга – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар, Пробиштип, Богданци и Кратово – по 2, Ресен и Свети Николе – по 1.

Од 145 оздравени пациенти од Скопје се 86, Кавадарци – 12, Куманово – 9, Битола, Прилеп, Гостивар и Штип – по 6, Велес – 5, Кичево – 4, Струмица – 2, Тетово, Гевгелија и Неготино – по 1.

Направени се 1.129 тестови преку: ИЈЗ-99, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-41, ЦЈЗ Прилеп-14, ЦЈЗ Тетово-32, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–84,

Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-40, Биотек-57, Систина-34, лабораторија Лаор-11, Синлаб-2, Ремедика-13, Плодност-5, Генеа-7, Никоб Лаб-54, ВФВ Медикал-6, Ели МедикаПлус-2, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 349.

Досега во земјата се направени вкупно 2.087.721 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 315.402, бројот на оздравени пациенти е 304.599, на починати е 9.329, а на активни случаи изнесува 1.474.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде