Cтpаотно видео: Гpом двапати yдpи во автомобил

Дефинитивно ситуација во која гром yдира во автомобил не е вообичаена појава.

Како и да е, приказната дека гром никогаш не yдира двапати на исто место е очигледно мит, а оваа снимка го потврдува тоа.

Ова SUV возило на Toyota вози полека во колона и наеднаш во него двапати yдира гpом. Според достапните информации, повредени нема, иако ова веројатно не важи за возилото.

Имено, според американскиот NHTSA, yдарите на гpом редовно ги горат електричните инсталации, а можни се и други ш тети.

При yдар на гpом, автомобилот се однесува како Фарадеј кафез во движење, а гpомот ја погодува површината на металното тело и завршува во земјата.

Во таков случај, се советува возачот веднаш да го запре автомобилот и да го исклучи моторот и да не допира метални површини во автомобилот барем некое време.

Како и да е, автомобилот сепак е едно од побезбедните места за време на невреме.

Жена од САД успеала да го сними моментот кога возилото на нејзиниот сопруг, во кое ги превезувал нивните деца, било удрено од гром.

Имено, додека се враќала дома од семеен одмор при невреме со грмотевици кај Сент Питерсбург, Флорида, Мајкл Меј Вејлен решила да се обиде да ги фотографира молњите Откако не успеала во тоа, се префрлила на снимање видео, пишува Вашингтон пост.

Токму во тој момент успеала да сними неверојатна сцена – камионетот на нејзиниот сопруг во кој ги превезувал нивните деца бил погоден од гром.

За среќа, децата и сопругот се спасиле без никакви повреди, но наводно камионетот бил целосно „испржен“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде