Утрово нови лоши вести: Уште едно момче исчезна на Лефкада

По трагедијата која ја потресе Македонија за трите исчезнати момчиња во водите кај  Посиди, Халкидики осамна уште една објава дека е исчезнато момче на плажата Милос на Лефкада.

На Фејсбук групата Грчка Инфо синоќа е објавен статус дека момче на возраст од околу 25 години исчезна во водите на Јонското море на плажата Милос на Лефкада.

-Тажен залез на сонцето на Милос плажата…Во водата исчезна момче од околу 25 години, просто само исчезна, а барновите воопшто не беа големи.

Како да го проголта морето, потрагат на плажата траеше цело попладне заедно со полицијата и нуркачка спасувачка служба, но на крајот на денот ништо…ако некој има информации нека напише,

пс струјата беше малку посилна отколку претходните денови – пишуваше во објавата на Фејсбук групата Грчка Инфо.

Да потсетиме, спасувачката акција по третиот исчезнат Македонец на Халкидики продолжува и денеска во полн капацитет – со хеликоптер и бродови.

Во Грција денеска од САД пристигнуваат и мајката и братот на 28 годишниот Мартин, објавија грчките медиуми, за да бидат присутни на случувањата.

Надежите за негово пронаоѓање сè повеќе се намалуваат бидејќи тој е на море околу 40 часа, но како што пишуваат локалните медиуми, имајќи ја предвид ситуацијата со неговиот пријател Иван, ништо не може да се знае сигурно додека тој не биде пронајден.

Истовремено, денеска се очекува спасувачите да лансираат подводени дронови за да може да помогнат во потрагата и да се бара и таму каде што никој не сака да биде пронајден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде