Голема трагедија го потресе фудбалскиот свет: На 28-годишна возраст почина познатиот фудбалер Александар Козлов

Александар Козлов, познат руски фудбалер, почина овој петок како последица на згрутчување на крвта, кое пукнало и предизвикало срцев удар.

Козлов добил згрутчување на крвта на тренингот на аматерскиот клуб за кој настапувал, а по масажата згрутчувањето на крвта наводно му „пукнало“ и завршило во неговото срце.

Се огласи новинарот Иван Карпов кој ги откри деталите.

„Се обидовме да го рестартираме срцето, се чинеше дека функционираше. Пристигна брза помош, но Козлов не можеше да се спаси. Згрутчување на кpвта“, напиша Карпов на каналот Телеграм.

Козлов беше перспективен фудбалер кој забележа осум настапи за младата руска репрезентација, постигнувајќи осум гола како лево крило.

Од 2010 до 2015 година го носеше дресот на Спартак Москва за кој забележа 28 настапи (еден гол).

„Сите во црвено-белите беа шокирани од веста за смртта на поранешниот напаѓач на Спартак, Александар Козлов. Саша имаше само 29 години.

Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство и пријателите“, објави Спартак.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде