Саше Политико за случајот „Жан Митрев“: Додека некој дреме по дискотеки и на забави некој дреме со години сам во библиотеки и губи и здравје – тоа треба да се цени и наплати

Изминатите десетина дена, по прилогот на ИРЛ, јавноста е преокупирана со дилемите и толкувањата, дали клиничката болница „Жан Митрев“, работела според законските прописи или не, за што одговор на крајот ќе даде Министерството за здравство и Обвинитеслството, кое отвори случај.

По објавувањето на документарецот „Нечиста крв“ од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), министерот за здравство Беким Сали вечерва беше гостин во ИРЛ и зборуваше за наводите за злоупотреби со третманите за хемофилтрација во клиниката „Жан Митрев“.

Министерот, ден по објавувањето на документарниот филм, рече дека се иницирани инспекции во клиниката, но и дека за спорната студија со пациентите на хемофилтрација не треба да се користи зборот „експеримент“, кој според Сали е „тежок збор“, и јавноста „не треба да биде лошо насочена“.

Од клиниката, преку соопштение денеска порачаа дека ги охрабруваат сите инспекциски органи да ги извршат потребните контроли.

„Ќе им биде доставена целокупната документација со која располагаме, со цел надлежните стручни органи да ги побијат сите невистини и небулози кои беа изнесени во јавноста“, велат меѓу другото од „Жан Митрев“.

Познатиот новинар Саше Политико Ивановски, на својот профил на социјалните мрежи, застана во одбрана на приватните болници:

„Значи да си ги пазиме приватните болници и да си ги чуваме а во исто време да им се прават контроли за да го подобрат своето работење во случаи каде има грешки и пропусти.

Но да не ги линчуваме и да ги означуваме за алчни мо нс труми кои им земаат пари на граѓаните додека се на cмртна постела, тие само си го ценат својот труд и своите претходни вложувања.

За да станеш добар хирург ти требаат 20 години учење пракса и одрекувања, додека некој дреме по дискотеки и на забави некој дреме со години сам во библиотеки и губи и здравје и младост и психа за да стане добар доктор, тоа треба да се цени и да се плати“, напиша Саше Политико.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде