Фејсбук пост кој ја крена Македонија на нозе: Во училиштето не навредуваа со: “неписмен, глупак, смрдиш на ефтин парфем, сељак, татко ти у тегла свршил кога те правел…”

Фејсбук статус на Сара Александровска кој ја крена Македонија на нозе. Статусот ви го пренесуваме во целост.

Јас, Сара Александровска имам 27 години и со цела одговорност на возрасен и свесен човек изјавувам дека музичкото училиште “ДМБУЦ Илија Николовски – Луј”

во кое пред 9 години завршив средно школо пред се е дувло на единки со тешки психо-патологии и комплексни фрустрации, со чест на многу малку исклучоци.

Јас кога бев дете на 15 годишна возраст по пат на првите блок часови клавир страдав од нагони за повраќање и психичко растројство бидејќи се среќавав со гнасни навреди и со песници мавани по ниските октави на школските клавири, тоа звучно е рамно на гром да мава до тебе.

Ние учениците се соочувавме со коментари и навреди како “неписмен, глупак, неталентиран, ќе пропаднеш, никад нема да те биде, глув, смрдиш на ефтин парфем, сељак, копук, клошар,хемиски експеримент, татко ти у тегла свршил кога те правел, у гз си правен ” и многу многу други.

Помеѓу професорите постоеше реваншизам, омраза и изопачен натпревар на тоа кој е поуништен креативно, креативноста во училиштето беше страна тема и секој кој имаше креативна нишка и потенцијал беше исмеван и понижуван, а славени беа сите оние кои се вклопуваа во оваа демонска шема односно процесија за конечното уништување на духот на музиката и нејзиното претварање во алатка за изживување врз психите на децата ученици.

Таму музиката губеше секаква уметност и се претвараше во површна логична математика пренесувана посурово и од во среден век. Во среден век се палеле музичари ако згрешат интервал што не е дозволен од црквата, во ДМБУЦ, во 21 век беа нарушувани детски психи ако не одиш по правилата на демонска шема.

Митото и корупцијата беа јавна тајна и суптилно со божем приватни часови се уценуваше ученикот за тоа дали ќе помине или не на некој од предметните испити.

Многу талентирани и светли душички си ја загубија искрата и тотално се тргнаа од патот на музиката, души што дури и компонираа суштински композиции во тие години, подлабоки и поискрени од тие на професорите кои беа изопачени од докажување едни кон други кој е поталентиран.

Јас Сара ги охрабрувам сите ученици што ја поминале оваа државна институција која наликуваше на лудница за благи пореметувања да го искажат своето мислење јавно и да создадат јавен притисок. Ако доволно луѓе се искажат јавно и ако има добра правна заштита јас ќе именувам по име и презиме.

Убивање на духот на музиката е зло дело од вселенски размери и мора да биде воочено и соодветно казнето од нацијата на која и се одземаат идните културни амбасадори и двигатели.

Фото: Фејсбук/Sara Aleksandrovska

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде