Игор Југ распали по Мицкоски: Математички прецизно и максимално конструктивно го следиш примерот на Зоран Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Тетово им понуди на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски на следната седница на Собранието веднаш да се стави на дневен ред предлогот за уставните измени,

додавајќи дека доколку власта собере 80 пратеници тогаш тој ќе го исполни ветувањето и трајно ќе замине од политиката, а доколку не тогаш Ковачевски да прифати предвремени парламентарни избори.

Верувам во секој еден пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на парламентот дека под овие околности нема да гласа за промена на уставот и дека доколку се случи такво нешто ќе заминам трајно од политиката, затоа што има полна доверба во сите нив, потенцираше тој.

Еве денеска ќе одам и чекор понапред овде во Тетово, порака до владата предводена од СДСМ и ДУИ, до Димитар Ковачевски веднаш откако парламентот,

односно парламентарците ќе се вртат од годишните одмори, првата точка на првата седница во парламентот да биде предлог за измена на Уставот на Македонија.

И доколку тој собере 80 пратеника јас следниот ден ќе го исполнам даденото ветување. Доколку тој нема 80 пратеника да одиме на предвремени парламентарни избори. Еве чесна и фер понуда, порача Мицкоски.

Уставобранителот Игор Југ со коментар на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски дека ќе ја напушти политиката ако некој од партијата гласа за промени на Уставот.

„Ова го имам слушнато барем 100 пати од еден друг политичар кој продавал зарзават во Горнји Милановац и таму фатил девојка!

Математички прецизно и максимално конструктивно политичарот од сликава го следи примерот на својот поискусен и поуспешен колега!!!

Се ќе си биде улав народе, само викајте ура во ретките моменти кога главите не ви се забиени длабоко во задниците на големите ви лидери!!!

АКО ВИ Е, СО ТОЈ ПАМЕТ И МАЛКУ ВИ Е!!!
ДОБРА ВИ НОЌ!, напиша Игор Југ на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде