ФОТО: Хаос и турканици – граѓаните се „испотепаа“ за ваучерите во новата продавница во „Ист Гејт“

Долгоочекуваната продавница на H&M конечно се отвори во „Ист гејт мол“ во Скопје, овој четврток, 18 август во 10 часот.

Еден од најголемите светски модни брендови го пречекаа повеќе од 1.000 купувачи полни со ентузијазам, кои застанаа во редот уште од раните утрински часови за да бидат меѓу првите што ќе имаат можност да ги купат нивните омилени модни парчиња.

Сите посетители добија до 50 проценти попуст на избраната облека и истата понуда ќе важи до недела, 21 август.

Возбудата надвор од продавницата започна на полноќ, кога првите обожаватели застанаа во редицата.

Првите 100 купувачи застанати во редицата добија картички за подарок од H&M, во вредност од 15.000 денари за првиот во редицата, 10.000 денари за вториот, 6.000 денари за третиот и по 1.000 денари за сите останати.

Ова предизвика вистински хаос и редици уште од утринските часови граѓани чекаа пред продавницата H&M.

На објавените фотографии на социјалните мрежи може да се забележи огромниот интерес.

Новата продавница на H&M во Скопје има површина од 2.300 м2 и е дизајнирана согласно најновите трендови, со цел да понуди модерно и гостопримливо шопинг-искуство.

Работното време на продавницата ќе биде од 10 до 22 часот во работните денови и во сабота, додека во недела продавницата ќе работи до 20 часот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде