Бака Прасе со големо изненадување фановите – подарува награда вредна 30.000 евра! (фото)

Бака Прасе знае како да привлече внимание, а некогаш е тешко да се препознае кога е сериозен, а кога не е…

Српскиот јутјуб Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, неодамна по долго време се врати на социјалните мрежи, а сега ги изненади своите фанови со нова објава.

Имено, тој пред неколку дена се пофали дека за една вечер од донации од фановите заработил преку 4.000 евра, Илиќ изгледа сега сега да се „отвори“.

Инфлуенсерите многу често знаат да имаат наградни игри на Инстаграм во кои на своите следбеници им подаруваат шминки или некогаш дури одат толку далеку, што неколку од нив ги здружуваат силите, па подаруваат iPhone.

Сега јутјуберот во својата објава на својата инстаграм-приказна, подарува сосема нов автомобил од 30.000 евра,

марка „БМВ“, а покрај ова, на фановите им понуди уште еден, нешто поевтин, вреден 25.000 евра, а тие треба да изберат каков.

„Сакам да ви подарам нов автомобил, BMW 1 2021-22 во пакетот М. Автомобилот би бил под гаранција, помал мотор и поевтин за одржување, па кој и да го освои, ќе може да си дозволи да го вози и нема да мора веднаш да го продаде.

Не сакам да подарувам половни автомобили, бидејќи знам колкава е инвестицијата, колку е автомобилот е оштетен, удрен, вратена километража“, стои во неговата објава

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде