Жаклина Пешевска: Го читам Стефан Богоев и морам неколку работи да му пишам вака јавно и отворено

Моментот кога од 2 према 1 за ДПМНЕ на анкети, станува 2 према 1 за СДСМ на терен.

Убав ден победнички, напиша на Фејсбук потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев по изборните победи за градоначалник во оштините Центар Жупа и Маврово – Ростуше.

По ова следуваше реакција на пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ, Жаклина Пешевска.

Го читам Стефан Богоев и морам неколку работи да му пишам вака јавно и отворено:

Локалните избори се оддржаа во октомври 2021 година и резултатите од истите се:

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – 42 градоначалници + Град Скопје

СДСМ – 16 + 2 од вчера = 18 градоначалници

Бројките во Советници се:

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – 468 советници

СДСМ – 369 советници

За Карпош посебно нема да пишувам, бидејќи за тоа како си работел како градоначалник зборува фактот што СДСМ не те кандидираше за втор мандат.

И конечно за крај по однос на анкетите.. Зошто Стефане ова силење по социјални мрежи? Ајде соберете сила со Таче и да одиме на предвремени парламентарни избори па да видиме каков ќе биде резултатот.

А што викаш за ова?

Но не сакате, бидејќи знаете што мисли народот за вас и вашата политика. Градоначалничките позиции ги изгубивте, а ако одите на предвремени парламентарни ќе ги загубите и функциите на Бихачка, напиша Пешевска на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде