Готово: Владата го решила проблемот со струјата во Арачиново – Бектеши испрати порака

Министерот за економија Крешник Бектеши информира дека во координација со градоначалникот на општината Арачиново и раководството на ЕВН,

е најдено е привремено решение за прашањето за снабдување со електрична енергија на жителите на оваа општина.

-Ова решение е привремено, но, со надеж дека ќе биде долгорочно доколку сите страни го почитуваат договорот и законите во државата. Да вложиме максимални напори да заштедиме струја,

да го заштитиме семејниот буџет и да не ја влошиме состојбата со енергетската криза, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.

Инаку, граѓани на Арачиново денес протестираа пред просториите на ЕВН.

Денеска арачиновци излегоа на протест пред канцелариите на ЕВН во скопски Бутел,меѓу нив беше и градоначалникот од редовите на ДУИ,

Ридван Ибраими,  ја обвинија компанијата за неажурност во решавање на проблемот и побараа веднаш да се санираат дефектите.

Од ЕВН пак соопштија дека во моментот не е безбедно да испратат свои екипи на терен бидејќи се цел ан вербални и физички напади на локланото население.

Оттаму додаваат дека годишно трпат милионски загуби од кражбите на струја, сума која потоа влегува во пресметките на регулаторите за висината на цената на струјата и месечните сметки.

Реагираше народниот правобранител кој побара од МВР да обезбеди безбедна средина за вработените на ЕВН и што побрзо нормализирање на снабдувањето со струја нво Општината.

Оттаму додадоа и дека веќе добиле преставка од група граѓани кои редовно ги плаќале сметките за струја а во моментов трпат штети и не можат да одржуваат лична хигиена.

Кражбата на струја не е единствениот проблем во Општина Арачиново бидејќи локалните власти со години наназад воопшто не наплаќаат данок на имот со образложение дека не располагаат со база на податоци на даночни обврзници.

Општинската каса е празна и не може да се реализира ниту еден проект.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде