Игра во прегратка со жена – Премиерката на Финска не престанува да шокира, се појави ново видео од журка

Премиерката на Финска, Сана Марин, не престанува да ја шокира јавноста!

Сана Марин се најде во центарот на скандал поради снимките на кои се забавува со друштвото и интимно танцува со позната музичка ѕвезда.

Премиерката тогаш рече дека и пречи што приватните видеа се пуштени во јавноста бидејќи се наменети само за пријатели, па дури и била тестирана на дpога поради притисок од јавноста и тестот бил негативен.

Сега се појави уште едно видео на кое се гледа како премиерката танцува со две години помладата инфлуенсерка и манекенка Сабина Сарко, која ја претставуваше Финска на изборот за Мис на светот 2012.

Странските медиуми јавуваат дека видеото е снимено во истиот клуб како и претходно, каде меѓу другите, Марин танцува интимно и со пејачот Олави Усивирта.

Судејќи по облеката што ја носеше финската премиерка во најновото видео, може да се заклучи дека се снимени истата вечер, пишува Дејли Мејл.

Ниту премиерката, ниту инфлуенсерката се уште не објавиле ништо за видеото. Видеото, како што се наведува, очигледно е снимено во раните утрински часови, бидејќи низ прозорецот на популарниот ноќен клуб „Клуби“ се гледаат сончевите зраци.

На видеото се гледа и како очигледно добро се забавуваат останатите посетители на клубот и дека се изненадени што во нивно друштво е и премиерката.

На едно видео се слуша како еден од учесниците на забавата извикува „банда со брашно!“, што доведе до шпекулации дека премиерката се дpогира, бидејќи „брашно“ е сленг за kоkаин во Финска.

Погледнете го видеото:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде