Пензионер заработи тешки повреди, излетал со „митсубиши“ од магистралниот пат Гостивар – Кичево

Денеска (24.08.2022) во 08:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево,

во близина на Новоселски мост, патничко моторно возило „митсубиши“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 75-годишниот М.А. од гостиварски Равен, излетало од коловозот.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Слична содржина

Загина возач откако излетал од пат

На 02.08.2022 во 12.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат с.Обршани-с.Крушеани, патничко возило „ровер фрилендер“,

со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(41) од с.М.Коњари, прилепско, излетало од патот.

По несреќата, при транспорт до Градска болница Прилеп, М.Ш. починал во возило на Итна медицинска помош.

Увид извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Прилеп.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде