„Зошто немаме и зошто нема да имаме саглам држава?“, статус на професорот Кекеновски кој ја разбранува јавноста

Статус на професорот Јове Кекеновски: ЗОШТО НЕМАМЕ И НЕМА ДА ИМАМЕ САГЛАМ ДРЖАВА?.

-Затоа што: Распродажбата на националниот и државен интерес стана професија број 1, а правдата и рамноправноста мислени именки.

Високо етаблирани слуги на власта за дебели хонорари ни ја менуваат историјата, а оние кои треба да делат правда се поданци на секоја власт.

Јавни обвинители, судии и други функционери наместо да одговараат за злоупотреба на службената положба се поставуваат на повисоки позиции или пак без никаква одговорност ги испраќаат во пензија.

-разрешуваат државен правобранител кој го штити државниот и имотот на граѓаните.

-Граѓаните на кои поради неплаќање им била исклучена струјата, кога ќе спискаат малку погласно за неколку час има доаѓа струјата – Има кој од другите да плаќа.

-Довчерашните голтари кога доаѓаат на власт однапред знаат дека од она што ке го украдат (а крадат премногу), дел ќе вратат и потоа можат на слобода да ја отслужуваат минималната казна за твор.

Од украденото има за сите, а најголем дел им останува за неколку поколенија во иднина.

И врапчињата на гранките знаат дека во Република Македонија најлесно милионер се станува преку ноќ откако ќе дојдеш на власт и фино лепо (без да одговараш или минимална одговорност) ќе си делиш од тендерите со твојот партискиот шеф, заедниччи ќе си ги рекетирате претходниците кои биле на власт, а ќе ве штитат подлизурковците кои сте ги поставиле на позиција.

-На граѓаните им е полесно да голтаат ,,кнедли”, едвај да крпат крај со крај, да уживаат во ,,онадувањето” до бесвест, отколку да кажат ,,НЕ: на баграта криминална.

И уште многу други ненормални работи и случувања кои станаа нормалност и секојдневие во девијантнава држава.

Е токму затоа“, пишува во статус на својот профил на социјалните мрежи, Јове Кекеновски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде