Страшно: Големо труење со храна во познатото летувалиште кое го посетија и многу Македонци – затурени скоро 100 лица!

Најмалку 96 туристи се затруле со храна во ресторан во Будва, објави порталот „Дан“.,

Претежно станува збор за туристи од Полска, Словачка и Словенија, а речиси сите биле гости во истиот ресторан. Во меѓувреме, сите се сместени или добиле медицинска помош во болниците во Котор, Бар и Цетиње.

Во општина Будва е потврдено дека имало труење со храна и дека гостите се хоспитализирани во медицински установи поради стомачни проблеми.

„Синоќа околу 22 часот примивме 30 лица во болницата во Котор, од кои голем дел беа деца на возраст од 15 до 16 години. Донесени се со акутен синдром – повраќање.

Сите беа згрижени, а утрово повторно се направени лабораториските анализи.

Околу 11 часот утринава се пуштени на домашно лекување“, изјави директорот на которската болница д-р Давор Кумбуровиќ.

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде