Голема акција и апсење на МВР во Арачиново, еден полицаец нападнат

На 03.09.2022 во 23.20 часот во с. Арачиново, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.О.(44) од с.Арачиново

затоа што околу 21.30 часот во с.Арачиново физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени задачи.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слична содржина

Бегал со дрва, па се обидел да удри во двајца полицајци!

На локалниот пат кон село Богојци возач се обидел да удри во двајца полициски службеници, откако претходно полицијата дала знак за запирање.

– Околу 11:20 часот во текот на вчерашниот ден, на локалниот пат кон село Богојци, струшко, полицијата од Полициското одделение Велешта дале знак за запирање на патничко возило „Опел фронтера”, без регистарски ознаки, кое било натоварено со дрва и во кое имало две лица.

Откако возачот не застанал, тој се обидел да удри во двајца полицајци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека повредени лица нема, а увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде