„Беше меѓу најенергичните, најстабилни личности, многу одлучни и решителни и психолошки нај цврсти луѓе кои сум ги запознал“ – Никола Груевски се прости од Латиновски

Поранешниот премиер Никола Груевски преку Фејсбук се прости од својот добар пријател, поранешниот градоначалник на Бутел, Латиновски.

„Со жалење и тага ја примив веста за cмртта на поранешниот градоначалникот на Бутел во три мандати Петре Латинивски.

Го вбројувам меѓу најенергичните, најстабилни личности, многу одлучни и решителни и психолошки нај цврсти луѓе кои сум ги запознал.

Оптимизам и верба во себе и во другите, упорност и во најтешките мигови. Тоа сигурно беше и силно мотивирачки за неговиот тим соработници.

Секогаш полн со енергија и со желба за работа и за справување со сите предизвици.

Малку луѓе се така психички исклучително силни особено кога се соочуваат со здрвствени предизвици, како што беше Петре уште пред повеќе од десетина години.

Голем оптимист и спремен на секаква борба со смртта која на моменти се чинеше дека дошла по него уште пред повеќе од десет години. Тоа не беше човек кој во таква ситуација ќе падне во очај, разочарување, депресија, апатија и ќе се предаде.

Напротив силно, енергично и со голем оптимизам и верба се спортиставуваше и носеше брзи и решителни одлуки. Луѓето се восхитуваа на таа негова цврстина и спремност невозможното да го направи возможно, како што долго време го правеше.

Петре остави многу завршени проекти зад себе. Самиот факт што беше избран во три мандати за градоначалник на Бутел кажува дека мнозинството од граѓаните биле задоволни од неговиот ангажман и го почитувале неговиот труд.

Тој немаше пораз, само победи!

Во комуникацијата со граѓаните не беше лицемерен туку отворен, искрен и не креираше лажни надежи за да се извлече од некоја непријатна ситуација. Ветуваше толку, колку што може да исполни.

Иако во даден момент некои луѓе беа незадоволни заради тоа, јас тоа многу многу го почитував, но очигледно и мнозинството граѓани на Бутел го почитуваа. Тој раководеше со општина која не изобилуваше со пари, но знаеше добро да ги одреди припритетите, да ги вети и да ги реализира.

Не губеше многу време со противниците и критичарите иако така енергичен и цврст човек, со брза мисла и одлучност не беше лесен противник за никого. Повеќе сакаше да возврати со дела одколку со зборови.

Бог да го прости! Нека почива со мир! Сочуство до семејството кое има причина да бидат горди на него и неговите дела!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде