Cилен земјотpес ја стресе Грција, жителите во паниkа

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во морето меѓу Закинтос и Кефалонија, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.

Првата проценка на Институтот беше дека јачината на земјотресот била 5,3 степени, пренесува Екатимерини.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 10:36 часот, бил на 57 километри југозападно од Ликсури, на длабочина од 11,6 километри.

Според проценката на Евро-медитеранскиот центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.


Слична содржина

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди југозападната кинеска провинција Сечуан, се искачи на 82, јавува Ројтерс.

Во земјотресот од пред некој ден, најсилниот што ја погодил покраината од 2017 година, повеќе од 270 лица се повредени, додека 35 се водат како исчезнати, објавија кинеските медиуми.

Властите повторно ги отворија патиштата до епицентарот на земјотресот во Лудинг, наведува агенцијата. Овој град во средата го погоди нов земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала, објавија државните медиуми.

Портокалово предупредување, второ најсилно, е издадено за можни геолошки катастрофи во Лудинг, кои може да вклучуваат лизгање на земјиштето.

Послабо, жолто предупредување е издадено за централниот и западниот дел на Сечуан. Силен земјотрес го погоди Сечуан во понеделникот попладне, со епицентар длабоко во планинскиот регион во западниот дел на провинцијата.

Епицентарот бил во градот Лудинг на длабочина од 16 километри, на околу 180 километри југозападно од Ченгду, главниот град на покраината.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде