Семејна драма: Девојка истепана од љубовникот, жена му и син му

На 07.09.2022 во 23,50 часот во Полициска станица Битола 27- годишна жена од Битола пријавила дека околу 21.00 часот во Битола по меѓусебно недоразбирање

била физички нападната од Б.М.(со кого по нејзино кажување била во љубовна врска), неговата сопруга и неговиот син.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слична содржина

Татко се обиде да си го y6ие синот

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен скопјанец

за кого постои сомнение дека сторил кpивично дело – У6иство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Во исто време, надлежниот обвинител презеде дејствија од кои произлезе дека осомничениот сторил и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1, кое претходело на обидот за y6иство.

На 23 јули, во вечерните часови, осомничениот во алкохолизирана состојба пристигнал во семејната куќа во Радишани, каде со сопругата и децата живееле разделени на посебни катови поради претходно нарушени односи.

Притоа започнал да ги навредува сопругата и ќерката, ги полеал скалите, оградата и ѕидот од куќата со бензин, заканувајќи се дека ќе ги запали ако не се отселат.

Кога неговиот 18-годишен син се обидел да го спречи во семејното наcилство, осомничениот со yмисла се обидел да го лиши од живот.

Тој го давел оштетениот со двете раце на вратот и се обидувал да го фрли од терасата на вториот кат кон дворот на куќата, на висина од 2,5-3 метри. Во намерата го спречиле сопругата и двајца сведоци на настанот.

Оценувајќи дека постои сериозна опасност осомничениот да се даде во бегство доколку се брани од слобода, да се обиде да го доврши обиденото кривично дело и да го стори делото кое се заканувал дека ќе го изврши,

како и да влијае врз сведоците и врз оштетениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување мерка притвор.​

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде