„Земјо моја кој толку те испусти? Кој се плаши името да ти го изусти?“, емотивно обраќање на Игор Џамбазов

Игор Џамбазов, познатиот музичар, актер и шоумен, на својот Инстаграм профил го честита големиот празник – Денот на независноста. 

Во свој стил Игор со песна ја испрати својата честитка.

„Земјо моја мистична и волшебна, дива и егзотична, хаотична и невротична. Земјо моја библиска, со многу богови паднати на главата.

Земјо моја исконска со ѓаволи што ти ја крадат славата.

Кој така ти пресуди, кој толку те испусти? И кој се плаши името да ти го изусти?

Еве, јас не се плашам и не се срамам и длабоко во срцето ќе те врамам.

Ќе се качам на Кораб, горе најгоре, највисоко и ќе викнам: МАКЕДОНИЈО!!!

И дури очиве ми гледаат да те гледам сречна, МАКЕДОНИЈО!!!“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде