Поплавени повеќе градови, поројни дождови, гром предизвикa и пожар – големо невреме денес ја зафати Црна Гора (видео)

Силно невреме зафати на повеќе места во Црна Гора, а во Херцег Нови наврнаа над 50 литри дожд на метар квадратен.

Над 50 литри дожд на метар квадратен наврнаа за кратко време во Херцег Нови, кои предизвикаа поплави во згради и јавни површини, како и одрони на патиштата.

Невремето предизвика и колапс во сообраќајот.

Како последица на обилните врнежи, поплави имаше и во Стариот град на Будва.

Во Херцег ги поплави улиците и јавните места.

Одговорните за итни случаи во општината Херцег Нови добиваат повици за интервенции, претежно од граѓани чиишто приземни објекти се поплавени.

Локалните служби за заштита и спасување интервенираат од почетокот на навремето и според информациите веќе има повици од граѓани.

На видеото подолу можете да видите како познатите скали во Херцег Нови се потопени, додека водата тече незапирливо од сите страни:

Противпожарните служби дојдоа да помогнат во испумпувањето на водата од објектот, како и во гаснењето на пожарот во Зеленица, предизвикан од удар на гром.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде