Страотна несреќа: Четири лица итно пренесени во болница откако со возило удриле во диви свињи

Во полиција утрово во 3:00 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Штип, во близина на наплатна рампа Преод,

патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(19) од скопското село Батинци удрило во диви свињи,

а потоа и во запрено патничко моторно возило „ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил возачот Б.С.(26) од скопското село Средно Коњари.

Како што информира МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „сеат леон“ А.М.(19) и М.И.(26) двајцата од село Батинци,

а со телесни повреди се здобиле В.А. и Б.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.


Слична содржина

Рано утрово околу два часот, се случила тpагедија во близина на Неготино: воз yдрил и ycмртил човек кој се движел по пругата, соопшти МВР.

„На 08.09.2022 во 02.00 часот пријавено е дека товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија на потегот од железничката станица Неготино кон

железничката станица Дуброва удрил во Р.У.(64) од Неготино, кој се движел пеш по пругата. Р.У. починал на местото на настанот, информираа од МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а yвид на местотото на настанот извршила екипа од ОВР-Неготино.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде