ГОЛЕМА АВТОБУСКА ТРАГЕДИЈА: Најмалку 18 загинати во судар на автобус со цистерна со нафта во Мексико

Најмалку 18 лица ги загубија животите по тешка сообраќајна несреќа во Мексико, во која учествуваа цистерна со нафта и автобус.

Инцидентот се случил во северната држава Тамаулипас, кога во автобусот удрило тешко возило натоварено со гориво, кое излегло надвор од контрола.

Според надлежните, билансот на жртвите е сè уште неконечен, бидејќи голем дел од повредените во несреќата се во тешка состојба.

Покрената е истрага од полицијата на Тамаулипас ​​за да се расветлат причините за оваа тешка несреќа.

Да потсетиме, вчера во судир на автобус и возило што превезувало патници во Нигерија загинаа најмалку 20 лица, соопштија денеска локалните власти и полицијата.

„- Дваесет луѓе загинаа, а нивните тела се целосно изгорени, изјави неименуван локален функционер.

Несреќата се случила вчера, во областа Ибарапа. Дошло до верижен судир меѓу автобус и возило со патници, при што се запалил.

Локалните власти соопштија дека до судирот дошло поради брзо и невнимателно возење.

Полицијата потврди дека бројот на загинати е 20.

Во Нигерија, најнаселената земја во Африка со околу 210 милиони жители, често се случуваат сообраќајни несреќи.

Во јули 30 лица загинаа во северозападниот дел на земјата во судир на два автобуси и автомобил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде