Летаа боксови на сите страни: Објавено видео од масовната тепачка во Скопје

Видео од масовна тепачка денеска беше објавено на социјалните мрежи. Видеото можете да го погледнете на крајот од текстот.

Тепачката се случила во населбата Ново Лисиче, во непосредна близина на полициската станица.

Околу седум лица со боксови се пресметуваа среде паркинг, а засега нема информации кога точно се случил немилиот настан.

Да потсетиме, вчера во Скопје имаше инцедент во кој беше употребено и огнено оружје.

Имено во 16.00 ч. во СВР Скопје Б.Ј.(38) од Скопје пријавил дека на ул. „Алија Авдовиќ“ во близина на црквата имало пукање и повредено лице од огнено оpyжје.

Полициски службеници веднаш излегле на местото при што било констатирано дека околу 15.45 часот, по претходна сообраќајна незгода на истата локација помеѓу патничко возило „фолксваген туаран“, со скопски регистарски ознаки, 

управувано од пријавителот и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од Б.К.(20) од Скопје,

настанала вербална расправија и физички напад, по што Б.Ј.(34), кој според пријавaтa бил сопственик на возилото „сеат“, извадил пиш тол, кој испyкал при обид да му биде одземен, при што со повpеда во ногата се здобил Б.Ј.,

брат на пријавителот, кој заедно со С.Ј., роднина на пријавителот, кој се здобил со повреда при физичкиот напад, биле пренесени во Ургентен центар за укажување на медицинска помош.

Во продолжение погледнете го видеото од тепачката во Ново Лисиче.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде