Јанко се пожали од Жаре: Еве зошто намерно провоцира булинг спрема мене

Фејсбук колумна на Јанко Илкоски:

Ова видео е снимено пред повеќе години, некаде 2015, отприлика, кога Жаре, по обичај стално се селеше од ТВ на ТВ,

како и јас исто, па имаше криза во гледаноста, а требаше да се покаже и повика јавност да го гледаат на Телма… и така, гостуваше кај мене да помогнеме “малку” во промоција.

Само не се согласив да рекламира производи на Алкалоид во мојата емисија при неговото гостување.

Неколку месеци подоцна, дојде со екипа кај мене во студио заедно со актерот кој го глумеше Спасе, да направиме забавен скеч за околу Нова Година за неговата емисија.

Спасе стоеше на неколку метри од мене, со микрофон и очигледно направивме не само смешен туку и уверлив клип за кој и до ден денес повеќемината веруваат дека навистина во живо ми се јавил, што е невистина (иако Жар му одговара да го крие тоа)

Клипов е еден од најгледаните кај нас. Ете по многу години повторно Жер у криза и не вади мене и Спасе да добие малку акција на ФБ и добива.

Повеќето од коментарите се злобни, простачки, омаловажувачки, навредувачки спрема мене по секој основ. Учено сум куче да јадам стап и си трпам кога има причина.

Ова Жаре намерно си провоцира и суптилен булинг спрема мене, за да добие популарност но и симаптии кај газдите. Зошто?

Кога Жаре гостуваше кај мене, тоа нема да ви го покаже, јавно ме покани да гостувам кај него во емисија на Телма. Му реков дека нема да му дозволат. Се обложивме во 100 денари.

После година се покажа дека го изгуби облогот и немaше образ да си го плати кафето или да си исплати симболично заради себе. Нејсе.

Жаре ги прекина сите контакти и едноставно си се зафати со во оро со власта кое, секоја чест, и тоа како му се исплатеше. маестрално ги одра со продукцијата (која се појави на протестите против бугарскиот предлог , па вие изведете заклучоци)

Да широка е, ама само заради себе, да си запишам да си памтам, да не помислам еден дела да не сум халуцинирал. Никому не сум лут, ниту замерам, едноставно себе ради нека си стои.

Моето писание нема да му нашкоди ни во приходите од власта како досега, а ни продукцијата за услугите кон опозицијата. Се тоа мрсно се наплатува и тоа е ок, тоа е бизнис.

Поздрав до хејтерите со нивните коментари и сите оние наивни кои веруваа и веруваат дека Спасе ми се јавил а јас дрско сум го исклучил па ми се закануваат. Мајка да ве жали, греота сте.

Или заслужувам барем Златна Буба Мара, мада и таму никој не смее да ме спомне https://fb.watch/foRclB7YuG/

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде