Се огласи Горан Алачки по смртта на неговата мајка: Не правете циркусијада од изјави на мои бивши членови на фамилијата

Адријана Алачки по cмртта на поранешната свекрва сподели емотивна посвета која изненади многумина.

Популарната пејачка и авторка на телевизискиот проект „Вкусот на традицијата“ со потресни зборови се прости од мајката на нејзиниот поранешен партнер Горан Алачки која почина пред два дена.

„Со голема тага и силна болка ја примив веста за смрта на мојата свекрва, Натка Алачка. Беше борец, силна, одлучна, но тивка и кревка.

Беше пример за сопруга, мајка, баба, пријател. Со неа поминав многу долги години од мојот живот, ми беше поткрепа во животните метежи, се радувавме и плачевме заедно и секогаш ќе ми останат сите нејзини совети како една книга оставена во аманет.

Беше прекрасна, грижлива и посветена баба на моите деца. Секогаш велеше „терај си ја работата, јас сум тука“.

Сега веќе не си тука, но вечно ќе живееш во нашите срца, спомени и времиња. Твоето име ќе се спомнува, затоа што остави добри дела позади себе.

Беше столб во семејството, не дозволуваше ниту една бура да те разниша, секогаш беше со главата горе, горда и достоинствена. Се’ уште го паметам мирисот на твоите малешевски зелници, пишии и твоите кадн’ки.. Никој не знаеше подобро од тебе..

Ти благодарам за се’! Летај кај ангелите, светол да ти е патот, почивај барем сега во мир! Лесна ти земја, божествена мајко“, напиша Алачки на „Фејсбук“ споделувајќи и две фотографии со неа.

Маестро Горан Алачки објави остра реакција на „Фејсбук“ откако неговата поранешна сопруга со која има две деца напиша емотивен текст за неговата мајка која почина пред неколку дена.

Тој побара од медиумите да не прават циркус од семејната загуба, истовремено обвинувајќи ја популарната пејачка и авторка на телевизискиот проект „Вкусот на традицијата“ дека е крајно дволична.

„Почитувани медиуми.. Ве молам.. Од загубата на мојата мајка Натка Алачка не правете циркусијада од изјави на мои бивши членови на фамилијата Алачки кои лажно го носат тоа презиме и го користат во комерцијални цели и прават театар од тоа..

Оставете ја мојата мајка да почива во мир и спокој.. Мојата мајка последните години од животот, беше длабоко разочарана од таа личност која сега пишува поезија за неа“, напиша маестро Алачки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде