Свадба во Црна Гора која го “потресе“ регионот: Погледнете што направи директорот

Основните трошоци за една свадба се горе-долу истите: венчаница, костум, покани, прием и храна, фотограф и музика. Но, тоа не се единствените.

Многу парови забораваат дека има и поситни трошоци, кои кога ќе се стават на едно место и не се толку мали колку што се чини.

Еве за што се работи:

Испраќање на поканите

Најголемиот дел од поканите можете да ги доставите лично или преку пријатели и роднини. Но, може да се случи тоа да треба да го направите преку пошта.

Пробување на храната

Без разлика дали се работи за главното јадење, колачите, тортата, дегустацијата најчесто треба да ја платите.

Шминка и фризура

Имајте предвид дека многу фризерници и шминкери имаат посебен ценовник кога се работи за невести, речиси секогаш со повисоки цени од вообичаените.

Подароци

Во многу традиции, младенците треба да обезбедат дарови за кумовите, старосватите и другите лица кои имаат некаква улога на нивната венчавка.

Корекции на фустанот

Ако сте купиле венчаница и треба да ѝ правите корекции, не заборавајте дека тоа ќе ве чини. Истото важи и за костумот на младоженецот.

Порции за фотографите и бендот

Зависно од договорот, може да се случи да треба да ги платите и нивните порции. Некои фотографи одбиваат порции, но за членовите на бендот најчесто треба да се обезбеди и храна.

За свадбената веселба во Плевља сигурно долго ќе се зборува, надалеку низ Црна Гора и пошироко, затоа што ваква свадба не се памети како и подарокот што тој ден го добил младоженецот!

И од кумот… без телевизија, без фрижидер, туку решение за постојана работа! Поточно од директорот на компанијата.

– А Срѓан ќе дојде во понеделник да го потпише решението за траен работен однос – со музика ја најави пеачот од бината, по што бројни сватови скокнаа од радост и со громогласен аплауз го поздравија подарокот на директорот од Пљевља.

Меѓу масите настанал општ хаос по што свадбената веселба паднала во транс од среќа и радост бидејќи младоженецот добил постојана работа.

– Директорот можеше да го направи тоа и пред свадбата, а испадна вака оригинално и немаше трошоци… – гласеше еден коментар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде