Вонредни вести: МВР и финансиската полиција влегоа во скопски „Водовод“!

Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи влегоа во ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, потврдија за МИА од Основното јавно обвинителство (ОЈО) и од скопски „Водовод”.

Од ОЈО велат дека е известен јавен обвинител и дека обвинителството ќе постапи согласно надлежностите,

доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи на кривично дело.

Во овој момент обвинителството има консултативна и координативна улога и јавниот обвинител редовно се известува за преземените дејствија.

Доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи на кривично дело, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности, велат од ОЈО.

Финансиската полиција и градоначалничката Данела Арсовска засега не се огласуваат околу денешните настани.

Арсовска неделава соопшти дека го разрешува в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација”, Златко Перински,

обвинувајќи го дека за покажувал самоволие, но и за малверзации со тендерот за изградба на пречистителна станица за води во Скопје, вреден 136 милиони евра.

Перински за овие наводи најави тужба против градоначалничката, а таа возврати со ново обвинување – дека досегашниот в.д. директор вработил сто луѓе во претпријатието, од кои поголемиот дел не оделе на работа, а земале плата.

По ова, оставки поднесоа и директорите-кадри на ВМРО-ДПМНЕ на уште неколку градски јавни претпријатија,

а Арсовска и партијата со чија поддршка беше избрана на функцијата, се во отворена „војна“ со препукувања.

Извор: Слободен Печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде