Xopop и cтpaшна глетка: Во Украина пронајдена гpo6ница со над 440 тела, голем број се на деца…

Масовна гробница со повеќе од 440 тела е откриена во Изум, во североисточна Украина, каде што руските сили беа истерани пред само неколку дена, соопштија украинските власти.

Дрвени крстови, повеќето од нив обележани со бројки биле откриени во шумата надвор од градот.

Истражителите денеска почнаа да ги откопуваат телата, и соопштија дека најголем дел од нив се цивили, а има и деца, кои заги нале при воздушните напади, од нагазни мини,

но откриено е и дека на дел од телата очигледни се знаците и на физичка тоpтypа. Пронајдени се трупови со врзани раце зад грб или со јажиња околу вратот. 

На еден од обележаните гpо6ови пишувало дека во него се закопани 17 украински војници.

Михаило Подољак, висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека во некои ослободени области биле откриени „многу места на масовни погребувања“.

„Видовме многу места каде што луѓето беа мачени. Видовме диво исплашени луѓе кои беа држени без светлина, без храна, без вода и без право на правда.

Бидејќи таму немаше власт, имаше само луѓе со оpyжје, изјави Подољак. 

Овие тврдења од Украина отпрво не беа потврдени од независни извори, но новинарската екипа на Асошијетед Прес денеска била на терен и ги виделе гpо6овите.

Засега нема коментар од Русија за тврдењето на Украина,  а ОН соопштија   дека ќе испратат тим во Изјум за да ги испита наводите за масовната гpо6ница.  

Пред неколку месеци , Украина  ја обвини Русија за воени злоcтоpcтва во Буча и Мариупол, што Москва ги негира.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде