БМВ помина на црвено и удри во македонско комбе – има загинат и повредени

Во неделата во 02:30 часот во загрепската населба Сесвете се случила тешка сообраќајна несреќа во која две возила се судриле, а потоа се запалиле.

Еден човек го загуби животот, а шестмина македонски државјани се повредени, од кои тројца потешко, објави хрватскиот портал 24sata.hr.

Полицијата за несреќата: БМВ-то поминало на црвено, загинал возачот

Дваесетгодишно момче управувало БМВ со загрепски ознаки, кое се движело кон запад по Славонската авенија, а на раскрсницата при вртење на улицата „Свети Иван“ поминал на црвено светло на семафорот.

Од правец на Загреб, на зелено светло на семафорот на раскрсницата, шоќитувајќи ги сообраќајните правила и прописи влегло комбе „мерцедес“ со македонски национални ознаки, управувано од 25-годишен Македонец.

Возачот и двајца малолетници од Македонија се тешко повредени

При судирот двете возила излетале покрај коловозот, по што се запалило БМВ-то во кое загинал 20 годишниот возач, а пожарот се проширил и на комбето „Мерцедес“ во кое имало вкупно шест државјани на Македонија.

На патниците од Македонија им била укажана лекарска помош во Клиничкиот болнички центар Загреб и Клиничката болница Дубрава.

Со тешки телесни повреди се здобиле 25-годишниот возач на комбето и двајца малолетници, а полесно се повредени 28-годишен, 25-годишен и малолетник, сите македонски државјани.

За да се изврши увид од 02:50 до 05:15 часот, сообраќајот беше затворен на Славонската авенија во правец кон исток во тој дел и се одвиваше преку населбата Ивања Река и околните населени места.

На местото на настанот излегол дежурниот заменик на општинското државно правобранителство кој извршил увид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде